Накратко за Методот на Универзална Енергија

Методот на Универзална Енергија создаден од Master Dang,е исто така познат во други земји под различни имиња: Хумана и Универзална Енергија, Духовна (Спиритуална)Јога (SHY)и Човештво Просветлување Љубов (Mankind Enligthenment Love MEL).

Како и да е, методот и учењето во основа се исти.

Чакри

Главните енергетски центри во телото на човекот, исто така познати како чакри ( Збор на Санскрит за "тркало"),се поврзани со бројни органи или дел(ови) на телото. Тие се центри на абсорпција на универзална кои тие ја претвараат во хумана енергија, за да го нормализиаат енергетскиот баланс на органите и целото човеково тело.

Додека чакрата 7 е на врвот на главата најсилната точка која храни со универзална енергија,чакра 6 на средина на челото, исто така позната како "третото око",е најсилната точка за ослободување и трансфер на енергија на други луѓе.

Во зависност од нивото кое го постигнале, студентите трансферираат енергија преку нивните раце или преку нивната чакра 6.

Медитација

Медитацијата игра значајна улога во практикувањето на методот на Универзална Енергија.Кога лицето е во длабока медитација,неговиоте/нејзините фреквенции на мозочните бранови се намалуваат од 60-80 Hz надолу до под 15 Hz (може да биде на 8 Hz). Лицето кое ги има неговите/нејзините чакри отворено, може брзо и лесно да постигне состојба на длабока медитација намалувајќи ја фреквенцијата на мозочните бранови.

Додека на студентите на другите методи на медитација им треба да поминат неколку часови секој ден да медитираат или вежбаат, во методот на Универзалната Енергија доволно е да се медитира кратко време. Како и да е, Школото на Универзална Енергија ги охрабрува практикантите да одвојат време да им помогнат на другите наместо да медитираат многу часови во текот на денот.

Помагање на други луѓе

Мастер Луонх Минг Данг постојано ги потсетуваше неговите ученици да најдат колку е можно повеќе можности да им помогнат на другите вклучително роднините, пријателите и непознатите луѓе употребувајќи ги техниките на трансфер на Универзална Енергија.

Еве неколку причини тоа да се направи:

  1. За време на енергетскиот трансфер енергијата тече зголемено во телото на практикантот со тоа помагајќи му на практикантот да ги зголеми своите сопствени капацитети за подобрена добробит и постоење на самиот/самата себе.
  2. Помагајќи им на другите луѓе без очекување за материјална добробит или било каква друга награда,ќе го развие алтруизмот кај практикантот. Овој акт на "давање на среќа и спас од пореметувањето" ќе рачири добра филозофија до сите дека вистинската љубов без очекувања на награда создава основа за подобри односи помежу човечките битија,како и води кон подобри човечки квалитети на живот.
  3. Постојаното практикување безусловно ќе придонесе до повисоко ниво на свест,кое ќе направи да одиме напред по патот на нашата духовна еволуција.